Соработка со Светски Институт за Менаџмент - Скопје
Вто, 03/12/2024
На 25.11. 2024 година во нашето училиште Граѓанската организација Светски Институт за Менаџмент - Скопје, во соработка и поддршка од Општина Гази Баба, а во интерес на јакнење на потенцијалот на образовниот кадар во училиштата, организираше едукативен настан - работилница на тема: "Развој на емоционална интелигенција". Работилницата беше интерактивно и практично предавање од специјализиран обучувач - психолог пред нашите ученици од 6 до 9 одделение. Голема благодарност до Светски Институт за Менаџмент и Општина Гази Баба кои овозможија реализација на ваква активност со која се води грижа за менталното здравје и благосостојба на учениците. |