Соработка со Лекарско македонско друштво Скопје
Вто, 03/12/2024
На 27.11.2024 година во нашето училиште беше одржано предавање за учениците од 6 одделение на тема "Дигитална зависност и негативните здравствени ефекти врз децата и адолесцентите". Проектот е поддржан од Општина Гази Баба, а целта е да се едуцираат учениците за негативните последици од дигитализацијата врз нивното здравје. Им благодариме на медицинскиот тим предавачи од Лекарско македонско друштво за едукативното предавање. |