Проект "Безбедност во училиштата" - соработка со МВР
Сре, 11/12/2024
На 11.12.2024г. во нашето училиште се одржа предавање за учениците од 6 - 9 одделение од страна на претставници на МВР - полициска станица Автокоманда. Предавањето беше на тема "Среќни и безбедни новогодишни празници" и учениците стекнаа нови знаења за негативните последици од користењето на петарди и пиротехнички средства. Со ова предавање продолжи проектот "Безбедност во училиштата", кој ќе опфати предавања на повеќе теми што ќе се реализираат во текот на целата учебна година. |