Соработка со Македонски институт за медиуми - активност на новинарскиот клуб Новите деца
Чет, 19/12/2024
Денес се одржа предавање во новинарскиот клуб "Новите деца'' од нашето училиште, од претставник на Македонскиот институт за медиуми, новинарот Александар Манасиев. Темата беше за мобилно новинарство, односно снимање со мобилен телефон. Членовите на клубот научија како се снимаат кадри, портрети коишто ќе им бидат потребни за снимање прилози, интервјуа и различни емисии. Овој проект "Младите размислуваат'' е поддржан од МИМ, IREX и USAID и нашето училиште е дел од него. |