"Новогодишна чајанка" - новогодишна приредба и новогодишен базар - 1

Во пресрет на Новата 2025 Година во нашето училиште се одржа новогодишна приредба и базар на кој учениците се претставија со своите новогодишни рецитали, ритмички точки и изработки пред своите родители.
Сите присутни уживаа во настапите на учениците и се воодушевуваа на шаренилото од новогодишните ученички штандови.
Благодарност до сите вработени и ученици кои максимално се вложија во организирањето на настанот, како и до родителите кои го посетија базарот и со чија помош и поддршка успеавме идејата да ја направиме реализација.

Фејсбук