КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРВЕНЕЦ Врз основа на правилникот за видовите на пофалби, награди и педагошки мерки за учениците, критериумите и постапката за избор на првенец на генерација, ООУ „Крум Тошев” - Скопје распишува конкурс за избор на првенец на генерација 2012/2021 година. Конкурсот ќе трае во периодот 20.05.2021 до 05.06.2021 година. Право на учество имаат учениците од деветто одделение кои ги исполнуваат условите и критериумите за избор на првенец на генерација. Учениците треба до училиштето или пак до одделенските раководители да ги достават следниве документи:
Нецелосните и ненавремено доставените документи нема да бидат разгледувани од Комисијата (директор, стручен соработник, одд. раководител и одд. наставник до петто одделение). НАПОМЕНА: Со оглед на тоа што според препораките од надлежните институции учениците не посетуваат редовна настава, сите ученици од IX одделение кои ги исполнуваат критериумите, документите од точка 1 и 2, да ги испратат во електронска форма на krumtosev@yahoo.com или до класните раководители. Потврдата од точка 3 ќе ја обезбеди училиштето. ВД Директор |