АЛГОРИТАМ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ

АЛГОРИТАМ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО УЧИЛИШТАТА ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА УЧЕНИК СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛЕН/ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, а следејќи ги досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, во прилог следи алгоритам за постапување во  училиштата во случај на појава на  ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19.
Со цел спроведување на постапките дадени во алгоритмот потребно е секоеучилиште да се определи назначено одговорно лицеза контакт со надлежниот Центар за јавно здравје!
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА ДЕТЕ СО СИМПТОМИ,СОМНИТЕЛНО НА КОВИД-19
Доколку ученик, за време на престој во училиште, развиепокачена телесна температура над
37,5 С° исимптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.) веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето.
Додека ученикоте во изолација за него се грижи определено лице назначено од училиштето. Назначеното    одговорно    лице    од    училиштето    веднаш    го    известува    и    повикува
родителот/старателот да дојде во училиштето.
Истото лице стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот.
Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.
Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ прави епидемиолошка проценка на ризик за можноста од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целотоучилиште.
ПОСТАПКА ПРИ ПОЈАВА НА УЧЕНИК ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ/матичниот лекар на ученикот ги известува родителите/старателите и назначеното одговорно лице во училиштето за позитивниот резултат на ученикот.
Центарот за јавно здравје го известува Институтот за јавно здравје за позитивниот резултат на
ученикот (особено за локацијата на училиштето и одделението/класот во кој престојува позитивниот ученик) со цел превземање на понатамошни епидемиолошки мерки за спречување на ширење на инфекцијата. ИЈЗ го известува ДСЗИ за позитивниот резултат на  ученикот. Врз основа на тој резултат ДСЗИ го изготвува решението за домашна изолација на ученикот.
Матичниот лекар го добива позитивниот резултат за ученикот преку системот на Мој Термин.
Назначеното одговорното лице во училиштетоги обезбедува следните податоци:
‐    Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите
‐    Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци
-    Дополнително,  список  на  други  наставници/вработени  лица  кои  биле  во  контакт  со потврдениот ученик
Списокот  со  контакти  на  потврдениотученикги  доставува  до  епидемиолошката  служба  на
надлежниот ЦЈЗ.

Епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ врши проценка на ризик за можноста од проширување на инфекција од КОВИД-19 во училиштето (меѓу учениците и вработените), со тоа што учениците од одделението/класот во кој престојува позитивното дете, како блиски контактизадолжителноодат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.За наставниците и другите вработени во училиштето се прави поединечна проценка на ризик. За најдената состојба, појава на потврден случај на КОВИД-19 во  училиштето и  превземените мерки го известува   Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје и ДСЗИ.
Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.

Назначеното одговорно контакт лицего известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.

Ученикот позитивен на SARS-CoV-2продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.

Родителите/старателите на детето позитивно на SARS-CoV-2како блиски контактиодат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

ПОСТАПКА ВО СЛУЧАЈ НА УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARS-COV-2

Ученикот  кој  бил  сомнителн  на  КОВИД-19,  а  за  кој  е  докажано  со  PCR  тестирање  дека  е негативен на  SARS-CoV-2, продолжува да  го  посетува  училиштето и  наставатасо приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште.

НАПОМЕНА: Контролата врз спроведување на воспоставениот протокол за работа на училиштата  во  услови  на  епидемија  со  КОВИД-19  ја  врши  Државниот  санитарен и здравствен инспекторат на РСМ.

Фејсбук