Училиште во кое сите ученици ќе постигнат успех, кој ќе ги води кон правилен пат во животот. Почитувајќи ги нивните индивидуални способности, интереси и потреби им овозможуваме стекнување на различни знаења и вештини. Поттикнуваме праведно и еднакво однесување кон сите ученици, развивајќи ја нивната самодоверба и почитувајќи ги нивните размислувања, ставови и идеи. Промовираме учење за знаење, а не учење за оцена, бидејќи почитуваме трајни и применливи знаења, неопходни за понатамошен развој во животот.
ВИЗИЈА
Училиште модерно, иновативно и отворено кое постојано тежнее кон промени што придонесуваат за поквалитетен наставен процес, во чиј центар е ученикот. Целиме кон училиште во кое има меѓусебно почитување на различните етникуми, училиште кадешто учениците со желба ќе престојуваат, ќе ги задоволуваат индивидуалните потреби и интереси и ќе се оспособуваат за идните животни предизвици.
МОТО
„Образованието е најмоќното оружје со кое можете да го промените светот“
- Нелсон Мандела