ИСТОРИЈАТ

Историски развој на училиштето  

Општинското Основно Училиште „Крум Тошев” - Трубарево е изградено во 1959 година и од почетокот на неговата работа функционира како подрачно училиште на ОУ „Вера Јоциќ” во кое што наставата се изведува само од прво до четврто одделение. Со доградбата на училиштето во 1986 год. ООУ „Крум Тошев” почнува да функционира како основно училиште во кое што наставата се изведува од прво до осмо одделение.
Подоцна преминува во  општинско основно училиште и со промените во образовниот систем наставата се изведува од прво до деветто одделение. Името го добива во чест на истакнатиот професор на Филозофскиот факултет во Скопје - Крум Тошев. Во текот на годините се подобруваат условите за престој на учениците како и за поуспешно реализирање на целокупниот воспитно – образовен процес во истото. Се гради новата спортска сала финансирана од МОН, и истата ќе придонесе за решавање на долгогодишните проблеми во начинот на изведување на наставниот план и програма по физичко и здравствено образование. Промени кои придонесоа за подобрување на условите за престој  и работа во училиштето на учениците и  целокупниот наставен кадар се следните: целосно реновирање на тоалетите во училиштето  и обезбедување на нови санитарни јазли, промена на вратите на училниците, поплочување на ходникот и целосна реконструкција на холот, приземјето и катот на училиштето, хортикултурно уредување на училишниот двор, нова ограда на училиштето, поставување на електронско ѕвоно, поставување на безбедносен систем и камери, реконструкција и молерисување на целото училиште, набавка на нови наставни средства и материјали за сите наставни предмети, збогатување на библиотечниот фонд на училишната библиотека, набавка на шкафчиња за наставницте.
Од денот на формирањето, во ООУ „Крум Тошев” па се до денес, имаат завршено повеќе генерации на осмоодделенци а многу од нив имаат завршено високо образование и денеска завземаат или завземале истакнати функции во јавниот и општествениот живот. Бројот на учениците од постоењето на училишето е променлив секоја учебна година, но во последниве години се забележува константно намалување на истиот. Успехот на учениците од постоењето на училиштето па се до денес е исто така променлив и низ годините се движи од 3,69 до 4,13.

Фејсбук