21 септември – Меѓународен ден на мирот
Меѓународниот ден на мирот или Светски ден на мирот е празник одобрен од Обединетите нации, кој се одбележува секоја година на 21 септември ширум светот. 🗓️🌍🕊️ Тој е посветен на мирот во светот и отсуството на војна и насилство. 🤝✨
Учениците од нашето училиште го одбележаа овој значаен ден со пишување пораки за мир и изработка на ликовни творби и плакати посветени на мирот, толеранцијата, демократијата. 🏫✍️🎨📜
Од презентациите подготвени од нивните наставници учениците научија колку е значајно одржувањето на мирот во светот, бидејќи мирот е од витално значење за целосно уживање на сите човекови права. 👩🏫👨🏫📚💡🌐


























Поврзани содржини