ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Доделување на стипендии од Општина Гази Баба за талентирани ученици, надарени ученици и ученици со попреченост

Денес на 03.11.2026 г. на свечена седница за одбележување на 50 години од постоењето на Општина Гази Баба на 55 ученици од основните училишта во Гази Баба градоначалникот Бобан Стефковски им додели стипендии за нивните постигнувања во спортот, музиката, танцот, уметноста, природните науки и странските јазици 🏆🏅🌟.

Со оваа свечена седница на Советот на Општина Гази Баба започна централното одбележување на големиот јубилеј – 50 години од основањето на нашата општина 📜🎈🎉.

Ни беше особено чест и задоволство да бидеме дел од овој свечен момент и меѓу наградените стипендисти да се најдат и нашите ученици:
– Матеј Младеновски од 5-1 одд.,
– Мила Тодосиева од 7-1 одд. и
– Дамјан Симоновски од 9-1 одд. 👧👦👏✨

Нивното присуство на оваа свечена седница е потврда дека иднината на нашата општина е во рацете на младите, талентирани и посветени генерации 🌍💪❤️.

Градоначалникот порача дека овие стипендии не се само финансиска поддршка, туку пред сè признание за нивниот досегашен труд, постигнатите резултати и вложениот напор. Тие се и поттик и охрабрување за сите успеси што допрва ги очекуваат 💡📈🎯.

Честитки за нашите ученици, како и за сите други ученици добитници на стипендии со желба за уште поголеми успеси во иднина! 🎉🥳🎓🥂

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.