ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Инклузивно планирање – обука од ОУРЦ Иднина – Скопје

Во нашето училиште на 19.10.2026 година се одржа обука за наставниците од одделенска и предметна настава на тема Инклузивно планирање, реализирана од страна на стручни лица од ОУРЦ „Иднина“ – Скопје, Ивана Василевска Петровска и Катерина Величковска 🏫👩‍🏫📋🤝.

Преку обуката наставниот кадар од нашето училиште ги прошири и зацврсти знаењата за правење на ИОП и модифицирана програма за ученици со посебни образовни потреби 🧠📚✨. Целта на обуката беше да им се помогне на учениците со ПОП полесно да се вклучат во наставата и да стекнат знаења и вештини преку активностите на часовите, определени во индивидуалниот образовен план или модифицираната програма 🎯💡.

Со реализација на обуки, семинари и работилници се вложува во професионалниот развој на наставниците 🌟📈💪.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.