ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Проект Училишни градини – Slow food – ученички работилници за Светски ден на храната

По повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната, нашето училиште како училиште кое е вклучено во проектот Училишни градини Slow Food започна со реализација на низа активности за одбележување на овој значаен ден.

Учениците од одделенска настава реализираа неколку едукативни и креативни работилници.

Целта е преку креативни и едукативни работилници учениците да размислуваат за потеклото и вредноста на храната и да развиваат почит кон трудот на земјоделците.

Под раководство на одделенските наставнички учениците од прво и второ одделение и учениците од дневен престој реализираа работилница на тема Мојата волшебна чинија, проследија едукативни видеа за здрава храна, дискутираа за своите омилени зеленчуци и овошја, а имаа можност и да вкусат хранливи овошни и зеленчукови салати.

Учениците од трето и четврто одделение реализираа работилници на тема Мојот оброк има приказна, ги изразија своите идеи преку ликовни творби и цртежи за омилените јадења.

Во петто одделение учениците одржаа трибина на тема посветена на земјоделците, зборуваа за значењето на луѓето кои здравата храна ја носат од нива на трпеза, а потоа пишуваа писмо до земјоделецот и ги искажаа своите размислувања за вредноста на оваа професија.

Сите ученици учествуваа во активностите со голем ентузијазам и креативност и уживаа во заедничката дружба со врсниците.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.