ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Ден на македонското народно востание

Одбележување на 11 Октомври Ден на македонското народно востание 🇲🇰
Во нашето училиште со низа активности се одбележа Денот на македонскити народно востание 11 Октомври. Учениците од продолжен престој под раководство на наставничката Емилија Петковска изработија македонски знаменца и дискутираа за значењето на 11 Октомври.
Членовите на историската секција под раководство на наставникот Гоце Петровски изработија едукативен плакат за празникот со кој го украсија училишниот хол.
На часовите по македонски јазик кај наставничката Соња Ѓошевска учениците ги искажаа своите рецитаторски способности со рецитал за Денот на македонското народно востание и борбата на македонскиот народ за слобода.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.