ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Одбележување на 16 Октомври – Светски ден на храната

По повод 16 Октомври – Светскиот ден на храната, нашето училиште како училиште кое е вклучено во проектот Училишни градини Slow Food започна со реализација на низа активности за одбележување на овој значаен ден.
Активностите се подготвени во духот на филозофијата на Слоу Фуд, која се залага за добра, чиста и правична храна, а се поврзани и со овогодинешната тема на ФАО: „Иновирај денес. Обезбеди храна за утре.“
Целта е преку креативни и едукативни работилници учениците да размислуваат за потеклото и вредноста на храната, да развиваат почит кон трудот на земјоделците, одговорност кон природата и свест за значењето на одржливото производство на храна.
Преку кратко воведно предавање наставниците беа запознаени со текот и целите на неколку предлог-работилници со работни листови, приспособени за различни возрасни групи.
Активностите се приспособени според возраста на учениците и можностите на училиштето и преку нив проектот „Училишни градини“ добива дополнителна вредност – не само да одгледуваме растенија, туку и да воспитуваме генерации што ја разбираат, почитуваат и чуваат храната.
Првата активност, Ученички форум на тема: Иднината на храната, беше реализирана од страна на учениците од 6 до 9 одделение, членови на Ученичкиот парламент под раководство на наставничката Соња Ѓошевска. Учениците ги изнесоа своите мислења и визии за важноста на здравата храна и здравото живеење и дискутираа за можностите и предизвиците со кои би се соочиле луѓето во иднина доколку нема доволно здрава храна. Сите ученици дадоа различни идеи како самиот човек може да си помогне во зачувување на здравјето на човештвото.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.