Одбележување на 22 Септември – Ден без автомобили 2026
Ден без автомобили е еколошки настан кој се одбележува на 22 Септември како Светски ден без автомобили. 🌍🚗🚶♂️
Целта е да се зголеми свесноста за загадувањето на воздухот од возилата и да се поттикнат луѓето да користат алтернативни начини на превоз, како јавен транспорт, пешачење и велосипедизам. 🛞🌳 Овој ден има за задача да охрабри зачувување на чиста и здрава животна средина и да се замисли град кој е прилагоден за луѓето, а не за автомобилите. Во таа насока се охрабруваат граѓаните на овој ден да не го користат автомобилот. 🏙️💚
Со ликовни творби, плакати, презентации и други креативни активности овој ден беше одбележан и во нашето училиште од учениците. 🏫🎨📚✨
Учениците стекнаа свесност за штетното влијание на густиот сообраќај и издувните гасови од автомобилите врз животната средина и луѓето. 🏭🌬️🛡️
Исто така на часовите по физичко образование учениците подготвија полигонски вежби за возење тротинет или велосипед. 🚴♂️🏃♂️🏆


































Поврзани содржини