Одбележување на 1 Октомври – Меѓународен ден на старите лица
По повод 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица (International Day of Older Persons), учениците од одделенска и предметна настава, како и учениците во дневниот престој изработија ликовни творби, постери и честитки со пораки посветени на старите лица – бабите и дедовците. 👵👴🎨📜💖
Преку видео презентации учениците се информираа за значењето на овој ден. 💻📚✨
Преку активностите ја истакнаа важноста на почитта, грижата и вниманието кон постарите лица и нивниот непроценлив придонес во семејството и општеството. 🤝🌟🏡🌱





























Поврзани содржини