Еколошка акција „Не оставај ѓубре – Остави пример!“
Денес нашето училиште се приклучи на најмасовната еколошка акција во градот Скопје и скопските општини – „Не оставај ѓубре – Остави пример!“ 🏫🌍♻️✨
Учениците од 7-1 и 7-2 одделение и членови на еколошката секција учествуваа во чистење на училишниот двор и уредување на зелените површини во училиштето. 👧👦🧹🌳🌱
Учениците покажаа голема грижа за животната средина и со оваа акција ја подигнаа свеста за здраво живеење. 💚💪
Со оваа еколошка акција за чистење учениците упатија порака дека сите заедно имаме одговорност да се грижиме за просторот во кој живееме, да ги чуваме чисти јавните површини, да не фрламе отпад и да бидеме пример за одговорно однесување кон животната средина. 🛡️🗑️🤝
Чистата околина е заедничка обврска, но и заедничка придобивка. 🌟🌸🏡





























Поврзани содржини