Одбележување на Европски ден на јазиците 2026
Europeans day of languages 🇲🇰 🇬🇧 🇲🇫
Европскиот ден на јазиците се одбележува секоја година на 26 септември, по иницијатива на Советот на Европа од 2001 година. Главни цели на овој празник се: промовирање на повеќејазичноста, охрабрување на луѓето од сите возрасти да учат нови јазици, јазична разновидност, подигање на свеста за важноста на сите европски јазици (големи, мали, регионални и знаковни), меѓукултурно разбирање, градење на подобра комуникација и рушење на предрасудите меѓу народите.
На часот по англиски јазик кај наставничката Матеа Цветковски учениците најпрво разговараа за овој значаен ден, а потоа изработија постери и се запознаа со јазиците, навиките и културите на различни европски земји.















Поврзани содржини