ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

10 Октомври – Светски ден на менталното здравје

По повод Светскиот ден на менталното здравје во ООУ „Крум Тошев“ – Трубарево стручниот соработник психолог Елена Геговска Стоилковски реализираше активности со учениците, насочени кон поттикнување на емоционалната свесност, емпатијата и меѓусебната поддршка.
📩 Во сите одделенија беше поставена „Кутија за грижи“, преку кои учениците анонимно ги споделија своите грижи и стравови.
💌 Учениците изработија и интерактивно пано со пликоа исполнети со пораки за надеж, радост, храброст, љубов кон себе, самодоверба и мотивација. Учениците имаа можност да земат порака за себе или да ја подарат на другарче на кое му е потребна поддршка.
🌱 Со учениците од VII-2 одделение беше реализирана работилницата „Моите грижи – од страв до решение“, преку која разговараа за секојдневните грижи на децата, мислите и чувствата што се јавуваат, чекорите за справување со нив и поддршката што може да ја добијат од околината. Учениците беа поттикнати да понудат решенија, да развиваат емпатија и разбирање за туѓите чувства.
✨ Затоа што менталното здравје е важно, секоја грижа заслужува разбирање, а секое дете заслужува да се чувствува прифатено, безбедно и поддржано.
Не мораме да бидеме сами со нашите грижи. Понекогаш една порака, еден разговор или еден мал гест можат да направат голема разлика.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.