Учество на Национален форум „Млади за интегритет“
Младите имаат глас. Наша обврска е да ги слушнеме!🗣️🎓🇲🇰✨
Денес, на 28.10.2026г. дел од нашиот наставен кадар, на покана од Аналитика – Скопје имаше можност да присуствува на Националниот форум „Млади за интегритет – Од гласот на младите до институционални промени“ 🤝💼, кадешто заедно со младите, наставниците, претставниците на институциите и академската заедница се разговараше за нешто што нè засега сите – како да изградиме образование во кое знаењето, трудот и чесноста ќе вредат повеќе од врските и привилегиите. 🧠📈💪
На настанот беа присутни министерката за образование и наука, Проф д-р Весна Јаневска, и германската амбасадорка Петра Дрекслер German Embassy Skopje, кои со своите обраќања ја истакнаа важноста на образованието, интегритетот и улогата на младите во општествените промени 👩💼🇪🇺📜.Учесници во форумот беа и:
Адем Чучул, претседател на Државна комисија за спречување на корупцијата, проф. д-р Trenovski Borce и проф. д-р Трпе Стојановски, кои преку отворената дискусија ги споделија своите размислувања за тоа како да ја вратиме довербата на младите и да создадеме поправичен образовен систем. 🏛️👥🔍
Преку форум-театарот „Кога молчењето станува правило“, учениците ни покажаа колку се важни еднаквите можности, правичноста и храброста да се проговори кога нешто не е во ред. Нè потсетија дека корупцијата не започнува секогаш со пари – понекогаш започнува со неправда, фаворизирање и молчење. 🎭🗣️❤️
Во вториот панел беа споделени искуства од училиштата кои покажаа колку многу може да се постигне кога на младите ќе им се даде простор да зборуваат и да дејствуваат. 🌟🏫
Во изминатиот период, преку „Млади за интегритет“, Аналитика работеше со млади и наставници во сите осум региони, реализираше младински иницијативи и врсничка едукација, го подготви прирачникот „Училиште со интегритет“ и ја надгради апликацијата „Глас против корупција“. 📱📚🌱
Овој проект е почеток на нови иницијативи, соработка и вистински промени во училиштата, но и показател дека младите имаат и идеи, и храброст, и желба да ги менуваат работите. 🚀✨✊


















Поврзани содржини