ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Детска театарска работилница

Во Домот на култура Димитар Влахов во Автокоманда, Отворена сцена Театар Чекори организира детска театарска работилница.

Учествуваат ученици од 6то до 9то одделение од основните училишта:

  • Дане Крапчев
  • Крум Тошев
  • Стив Наумов
  • Његош
  • Наум Охридски
  • Григор Прличев

Учество во оваа работилница земаа и неколку наши ученички од 6 и 7 одделение, кои покажаа љубов и интерес за театарската уметност.

Целта е учениците да се запознаат со сите сегменти од театарското работење, да се едуцират на тема театарска теорија, преку вежби да се активира нивната креативност и имагинација, да се зголеми нивната самодоверба, како и одговорност, да играме учејќи и да учиме играјќи. Краен проект ќе биде креирање на кратки драмски етиди, монолози и кратки претстави.

Членови во драмски секции, како и сите останати дисциплинирани ученици кои ја сакаат театарската уметност, се добредојдени да се приклучат кон оваа работилница.

Новите членовите може да земат учество и како костимографи, кореографи, да изучуваат актерска игра, изготвување на реквизити, пишување на кратки сценарија.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.