Априлијада 2026
Денес во нашето училиште со смеа, радост и креативност беше одбележан Денот на шегата, со дефиле на маски на учениците од прво до петто одделение под раководство на одделенските наставнички.
Дефилето се одржа во училишната спортска сала. Учениците преку своите првоАприлски маски ја искажаа својата креативност.
Благодарност до родителите кои ги изработија маските на своите деца и се потрудија да имаме прекрасен првоАприлски ден.
Пофалби за сите ученици кои достојно со своите маски го прославија Денот на шегата.
