Одбележување на Месец на Франкофонијата
По повод Месецот на Франкофонијата, денес во ООУ Димитар Миладинов – Скопје се одржа манифестацијата 🇲🇫 „La francophonie en scène“ 🇲🇫.
Нашите ученици од 9-1 и 9-2 одделение учествуваа со оригинална забавна театарска претстава под наслов „Кога минатото ќе се сретне со Wi-Fi“, под менторство на наставничката по француски јазик Каролина Димовска.
Ученици од повеќе основни училишта од Скопје се здружија за да ја прикажат важната улога на францускиот јазик како еден од светските јазици на креативен и интерактивен начин.
Песните, танците и театарските претстави го прикажаа талентот, динамичноста и креативноста на младите франкофони. Амбасадорот им честиташе на учениците и им се заблагодари на наставниците за нивната посветеност на францускиот јазик, кој претставува вистински мост меѓу културите.
Честитки за учениците и нивниот ментор кои одлично го претставија нашето училиште.
