Предавање и работилница од стручна служба за поддршка на личниот социо – емоционален развој на учениците
Нашето училиште континуирано се грижи за социо – емоционалниот развој на учениците и нивното ментално здравје со реализација на најразлични едукативни активности.
Стручните соработници Адријана Младеновска педагог и Елена Геговска Стоилковски, психолог за учениците од предметна настава одржаа предавање за зависности кај младите луѓе и работилница за толеранција.
Учениците имаа можност да добијат нови информации за штетното влијание на зависностите од пушење, алкохол, дроги врз животот и целокупниот развој на децата.
Преку работилницата за толеранција кај учениците се поттикна чувството на емпатија и почит кон различностите и прифаќање на другите. Учениците беа поттикнати да се дружат меѓусебе, да се едуцираат и почитуваат.













Поврзани содржини