Работилница за безбедно користење на интернет
Интернетот е нешто со кое се среќаваме сите во секојдневниот живот. Понекогаш мислиме дека сме безбедни при користењето на интернет страниците, но понекогаш можни се и одредени закани или измами преку кои може да се злоупотребат личните податоци на корисникот.
За таа цел за учениците од нашето училиште, под раководство на наставник Матеа Цветковски, беше реализирана информативна работилница Размисли пред да кликнеш! – Think before you click!, преку која учениците се запознаа со правилата за безбедно користење на интернет, заштита на лични податоци и препознавање на опасности.
Со оваа работичница на учениците им помогнавме да развијат одговорно онлајн однесување и да се заштитат себеси од сајбер измами и закани.
