Општински натпревар по географија
На 28.02.2026 година, се одржа општинскиот натпревар по географија за учениците од основните училишта во организација на Здружението на професори по географија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ” – Скопје.
На овој натпревар учествуваа ученичките од 9-то одделение, Анабела Ѓорѓиевска, која освои 91 поен и се пласираше за учество на регионалниот натпревар, и Ивона Тоневска која освои 32 поени, пофалница.
Им честитаме на учеството и успехот на ученичките и на нивниот ментор Анета Серафимова – Николовска, наставник по географија.
