ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

alfa predna

Препораки за вработените, учениците и родителите за заштита од топлото време

📢 Почитувани, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство ви ги посочуваат следниве препораки за заштита од топлото време: ☀️🌡️

  1. ☀️ Избегнувајте директно изложување на сонце и активности на отворено во периодот од 11:00 до 17:00 часот.

  2. 👕 Носете светла и лесна облека, а на директно сонце заштитни очила и светлобојна капа со висок свод и широк обод. 🕶️🧢

  3. 🏢 Останете во затворени и климатизирани простории. ❄️

  4. 🌳 При неопходен престој на отворен простор во овој период, најдете можност за почести одмори под сенка и избегнувајте директен престој на сонце.

  5. 🪟 Затворете ги прозорците и ролетните во текот на денот, а отворете ги навечер, кога температурата е пониска. 🌙

  6. 🥗 Внесувајте умерена количина храна. Избегнувајте масна и висококалорична храна како и храна која содржи голема количина на шеќер. 🙅‍♂️🍩

  7. 🚰 Внесувајте доволно течности во текот на целиот ден, без да чекате да почувствувате жед. Најдобар избор е водата за пиење, а може да се консумираат и минерални безалкохолни пијалаци. Избегнувајте алкохолни пијалаци, пијалаци што содржат кофеин и многу ладни пијалаци. ❌☕🍹

  8. 🚗 Кога сте во паркирано возило, отворете го прозорецот со цел да овозможите вентилација. Целосно затворените возила стануваат многу жешки. Не оставајте никого во возилото! ⚠️

  9. 🚿 Туширајте се со млака вода по потреба. За дополнително разладување, ставајте ладни облоги или потопете ги стапалата во ладна вода. 🦶💧

  10. 🧑‍⚕️ Лицата со хронични болести, особено оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија. За сите промени во здравствената состојба, задолжително да го консултираат својот матичен лекар. 💊

Препораки за вработените учениците и родителите за заштита од топлото време 29 06 2026

alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе