Подготвени за новата учебна 2026-2027 година
💪 И оваа година нашето училиште ООУ Крум Тошев – Трубарево е целосно подготвено за почетокот на новата учебна 2026 – 2027 година.
📌 Во текот на летниот период во училиштето беа реализирани работни активности со кои се подобрија просторно техничките услови во училиштето за учениците и за вработените.
✅ Беше извршено молерисување на сите училници и ходници во училиштето, како и санирање на оштетени делови од ѕидовите во истите простории, со што училиштето блесна во полн сјај и доби нов свеж изглед.
✅ Во училниците нефункционалните лед светилки беа заменети со нови, а беа санирани и неколку помали водоводџиски и електрични дефекти низ училиштето.
✅ Потоа беше извршено генерално чистење на сите простории во училиштето, како и беа обезбедени потребните средства за одржување на хигиена во училиштето.
✅ Беше извршена дезинфекција, дезинсекција и дератизација на училиштето.
✅ Во училиштето беа дистрибуирани и учебници за сите наставни предмети од МОН.
✅ Техничкиот кадар во соработка со ЈКП Гази Баба 2007 го уредија училишниот двор, вршејќи косење и средување на зелените површини и хортикултурното уредување.
✅ За сите првачиња беа обезбедени подароци од училиштето – папки со училишен прибор.
✅ За наставниот кадар беа реализирани обуки за поуспешна реализација на воспитно- образовниот процес и беа обезбедени голем број наставно образовни помагала.
✅ За учениците со ПОП во соработка со ОУРЦ Иднина – Скопје беа обезбедени образовни асистенти.
✅ За сите ученици од прво до деветто одделение и за оваа учебна година Општина Гази Баба обезбеди бесплатни ученички униформи и нивната дистрибуција е веќе во тек.
🍀 ООУ КРУМ ТОШЕВ – ТРУБАРЕВО на сите ученици, родители и вработени им посакува СРЕЌЕН ПОЧЕТОК И УСПЕШНА НОВА УЧЕБНА 2026-2027 ГОДИНА!🍀















































Поврзани содржини