Летен камп општина Гази Баба 2025
🎒 Учениците од Гази Баба заминаа на летен камп!
👋 Рано утрово со задоволство градоначачникот Бобан Стефковски ги испрати и им посака среќен пат и убав престој на учениците од општинските основни училишта, кои заминаа на училишен летен камп. Оваа година повеќе од 400 ученици, поделени во две групи ќе земат учество на летниот камп!
💰 Овој камп, кој се реализира со финансиска поддршка од Општина Гази Баба преку субвенционирање на цената за учество за секој пријавен ученик со посебен акцент и предност за учениците од ранливите категории на семејства.
⚽📚🎨 Во рамките на кампот, учениците ќе бидат дел од спортски, едукативни и забавни активности, а особено важно е тоа што ќе имаат можност да се дружат, да се запознаат меѓусебе и да градат нови пријателства. Дополнително, ќе имаат обука за основна пливачка техника – важна животна вештина која ќе им користи и понатаму.
🤝 Овој проект се реализира во соработка со Општинскиот сојуз за училишен спорт Гази Баба и претставува еден од значајните проекти што започна со доаѓањето на позиција градоначалник на општината.
😊 Со реализацијата на оваа мерка, успеавме да донесеме вистинска радост кај децата, а една од клучните цели што ја постигнуваме преку училишниот летен камп е токму нивната поголема социјализација и вклученост.
👨👩👧👦 Општина Гази Баба се грижи за сите – и никогаш не ги заборава децата. Со ваквите активности и иницијативи им овозможуваме на учениците исполнето и безбедно лето, насочено кон спорт, дружење и развој на позитивни вредности, а не кон негативни влијанија.
🚀 Продолжуваме со ангажирана, одговорна и посветена работа за доброто на сите наши сограѓани, а особено за најмладите.












Поврзани содржини