Одбележување на Ден на математиката и Ден на бројот Пи
По повод на Меѓународниот ден на математиката, уште познат како Пи – Ден, со учениците од шесто до деветто одделение наставничките по математика Ирена Камчева Младеновска и Росица Тодоровска организираа разни едукативни и забавни активности.
Го прославија роденденот на Алберт Ајнштајн, роден токму на овој ден со оддавање важност за неговите откритија.
Исцртаа и обоија цртежи преку бројки за бројот Пи, потоа пресметаа дека просечен чекор на ученик од 6 одделение е 43 см и ако истиот направи 314 ( симбочилични) чекори ќе помине растојание од 13502 см и се забавуваа со рамката од разиграни децимали на бројот Пи.
Во неколку одделенија беа организирани квиз и интерактивни игри за учениците преку кои учениците се едуцираа и забавуваа. Им честитаме на најуспешните ученици: во 9-2 Анастасија Смилева, во 9-1 Антонија Стојковска, во 8-2 Ивона Тоневска и во 7-1 Ведран Дачев.
Воедно нашето училиште е мапирано на мапата на училишта кои го обележуваат овој ден и спроведените активности ќе бидат објавени на сајтот Ден на математика.
Фотографиите може да ги погледнете на следниот линк: