Активности во одделенска настава – на часот по англиски јазик
Учениците од нашето училиште по повод Св. Валентајн направија работилници за честитки, картички и хамери за да го одбележат Денот на вљубените.
Преку креативна и тимска соработка тие изработуваа пораки исполнети со љубов, почит и пријателство.
Св. Валентајн е празник кој се одбележува на 14 Февруари и е посветен на љубовта и блискоста меѓу луѓето. Според историските податоци, празникот потекнува од римски свештеник по име Валентин, кој живеел во III век. Со текот на времето, денот станал симбол на љубовта, вниманието и грижата кон саканите.
Денес луѓето разменуваат честитки, цвеќиња и мали подароци како знак на љубов и пријателство. Преку ваквите активности, учениците учат за значењето на љубовта, добрината и меѓусебната почит.
