ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Бадникови поворки 2024 06-01-2024 - слика 4

Бадникови поворки 2024

Денес нашите ученици по повод празникот Бадник учествуваа во Бадниковите поворки.

Заедно со учениците од другите основни училишта присуствуваа на овој свечен чин во општина Гази Баба, кадешто ја испеаја песната Вечниот Бог и добија бадникови пакетчиња од градоначалникот Бобан Стефковски.

Потоа учениците заминаа на градскиот плоштад Скопје и во соборниот храм Св. Климент Охридски, кадешто се заокружи чествувањето на празникот.

Голема благодарност до сите родители што се вклучија во овој свечен настан.

Среќен Бадник и Среќен Божиќ!

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе