ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

eko-21-03-2023-01

Ден на екологијата и пролетта

Денот на екологијата и доаѓањето на пролетта во нашето училиште беше одбележан со најразлични активности. Учениците изработија постери за екологија, споделија многубројни еко пораки а воедно и се погрижија за разубавување и раззеленување на нашиот училишен двор со засадување на зимзелени дрвца кои беа обезбедени благодарение на Општина Гази Баба и ЈКП Гази Баба. Неколку наши ученици се приклучија и на активностите организирани од Општина Гази Баба и Општинскиот сојуз за училишен спорт односно засадување на дрвца и прошетка во парк шумата Гази Баба под мотото “Пешачиме за мир, соживот и толеранција” со која се промовира другарството кое не познава граници и здравиот начин на живеење. Со овие активности ја покажавме нашата грижа за животната средина која секојдневно треба да се практикува за поквалитетен живот за сите!!!

alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе