Денес во нашето училиште започна одбележувањето на Детската недела, за која ќе се реализираат најразлични активности од учениците до 12ти октомври. Мотото за Детска недела 2025 гласи: “Детето денес – иднината утре!”.
На класниот час учениците од предметна настава заедно со своите класни раководители ги презентираа одредбите од Конвенцијата за правата на детето и се запознаа со правата и обврските на децата.
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.