Едукативна средба
Едукативна средба, преку кои родителите имаа можност подобро да се запознаат со булингот, се одржа и вчеравечер во Општина Гази Баба.
Водена од Сашко Коцев и психологот Деспина Стојановска, а со поддршка од Билјана Трајановска, директор во ООУ ,,Крсте Петков Мисирков“ и Бетка Тодосовска, образовен асистент во ООУ ,,Крум Тошев“, на работилницата дискутиравме за тоа како треба да се пристапи кон булингот.
Искрена благодарност до сите учесници и присутни бидејќи само заеднички и преку отворена комуникација, можеме да поттикнеме промена кога е во прашање врсничкото насилство.
Работилницата во Општина Гази Баба е дел од општествено одговорната кампања на #Макпетрол.












Поврзани содржини