Едукативни обуки за превенција и заштита
Врз основа на меморандум за соработка со општина Гази Баба, Воената академија Генерал Михаило Апостолски започна со реализација на едукативни обуки за превенција и заштита во случај на пожари, земјотреси и поплави за учениците во основните училишта на територијата на општина Гази Баба.
На 28.05.2025 година во нашето училиште беа одржани едукативни обуки за учениците од шесто до деветто одделение. Обуките ги реализираа претставници од Воената академија професор полковник Зоран Јовановски и професор потполковник Југослав Ачковски, како и професор доцент д-р Александар Нацев од Европскиот универзитет.
Преку интерактивни предавања и практични совети, учениците имаа можност да се едуцираат за основните правила за постапување во случај на елементарни непогоди.
Голема благодарност за Општина Гази Баба и Воената академија – Скопје кои се грижат за здравјето и безбедноста на учениците и вложуваат во нивната едукација.