На 27.10.2023 г. пред учениците од VI до IX одделение беше одржано предавање од страна на стручни медицински лица од Македонското здружение за исхрана и здравје.
На учениците им се обрна особено внимание на количеството сол и шеќер кои несвесно ги внесуваме секојдневно, а кои можат сериозно да му наштетат на нашето здравје. На предавањето беа споделени и корисни препораки за подобрување на нашите навики во исхраната.
Здрава храна за живот без мана!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.