ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Генералка викенд 08 05 2026

Генералка викенд 2026

По повод ЕКО часот 🌱, денес во нашето училиште се реализираа низа активности со сите ученици 👧👦.

Во рамки на акцијата „Еко час 2026 – учиме, делуваме, менуваме“ ♻️, организирана заедно со Општина Гази Баба и „Генералка викенд“, учениците од предметна настава со своите наставници учествуваа во чистење 🧹 и уредување 🌿 на училишниот двор и околината. Исто така дел од одделенијата од предметна настава реализираа интересни едукативни еко активности 📚 според Прирачникот за заштита на животната средина 🌍.

Воедно, учениците од I-V одделение на своите редовни часови 🏫 заедно со своите наставнички реализираа интересни експерименти 🧪 од прирачникот за искуствено учење за заштита на животната средина и климатски промени ☀️🌧️.

Со заеднички труд 🤝 учиме како да ја чуваме природата 🌳 и да создадеме почиста и поздрава средина за сите 💚.