ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Магија создадена од детска радост 26 12 2025

Магија создадена од детска радост

Денес повеќе од 400 деца учествуваа на работилницата во Општина Гази Баба што се реализираше по повод Бадниковите поворки, а меѓу нив беа и неколку наши ученици, придружувани од неколку родители и наставници.
Општина Гази Баба никогаш не била повесела.Од секој агол, одекнуваше детска радост и чиста надеж.
Се слушаа стиховите од „Вечниот Бог“, испеани од нашите мали ангелчиња.
Горди сме што бевме дел од оваа магија и и благодариме на општина Гази Баба и на градоначалникот Бобан Стефковски што ја овозможи оваа прекрасна работилница, а воедно благодарност и за подароците за учениците.