ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Обука за професионален развој на наставниот кадар

Денес во ООУ Браќа Миладиновци – Миладиновци се одржа Отворен ден за професионален развој, на кој присуствуваа наставници, претставници од стручна служба и директори од повеќе училишта. Целта на оваа иницијатива е да се создаде простор за размена на искуства, идеи и добри практики.
Учесници на обуката беа наставниците, стручните соработници и директорите од училиштата: ООУ”Наум Наумовски Борче”, ООУ “Гоце Делчев” -Илинден, ООУ “Крум Тошев”-Трубарево, ООУ “Кочо Рацин”- Петровец, ООУ “Ристо Крле”- Кадино, ООУ “Крсте Мисирков”, и ЈОУДГ “Гоце Делчев”-Илинден.
Во рамките на Отворениот ден, присутните имаа можност активно да учествуваат во две работилници:
1. Escape Classroom: Образовна игра со загатки и предизвици – работилница посветена на можностите за примена на елементите на играта и предизвиците во наставата, со цел поттикнување на мотивација, креативност и активно учење.
2. Превенција од врсничко насилство и развој на емпатија- работилница насочена кон градење позитивна училишна клима, развивање на емпатија и негување на меѓусебно почитување и разбирање.
Работилниците ги реализираа Емилија Стојановска, наставник-ментор, Марија Митрева, предметен наставник по англиски јазик и Габриела Младеновска, одделенски наставник од ООУ Браќа Миладиновци- Миладиновци.
Сите присутни активно учествуваа во обуката, беа отворени за нови идеи и подготвени да ги споделат своите искуства.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.