ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Одбележување на Светски ден на свеста за аутизмот 02 04 2026

Одбележување на Светски ден на свеста за аутизмот

На 2 Април се одбележува Светскиот ден на свеста за аутизмот, ден кога светот се обединува за да ја подигне свеста за аутистичниот спектар. Обележан од Обединетите нации, овој ден има за цел да промовира разбирање, прифаќање и инклузија на лицата со аутизам во општеството.
На овој ден, многу организации и институции организираат едукативни кампањи, работилници и јавни настани за да информираат за аутизмот и да ги поддржат лицата и семејствата погодени од ова нарушување. Симбол на овој ден е сината боја, која се користи за осветлување на јавни објекти и за промоција на различни активности, со цел да се покаже поддршка и солидарност.
Нашите ученици во знак на поддршка на лицата со аутизам изработија едукативни плакати, цртежи и проследија предавања под раководство на своите наставнички.

alfa logo40
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе