Одбележување на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром
Секоја година на 21 Март, светот го одбележува Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, ден посветен на подигнување на свеста, рушење на предрасудите и поттикнување на инклузијата. Датумот не е случаен: 21.3 симболично ги претставува трите копии на 21-от хромозом, генетската карактеристика што го дефинира Дауновиот синдром.
Учениците од нашето училиште го одбележаа овој ден со низа активности, со цел да порачаат дека лицата со Даунов синдром не се само статистика, туку тие претставуваат луѓе со потенцијал, талент и можност за активен придонес во заедницата.
Светскиот ден на лицата со Даунов синдром потсетува дека различноста не е пречка, туку вредност што треба да се прифати и поддржи. Ова е ден за прифаќање на лицата кои живеат со Даунов синдром и важноста од нивна инклузија во општеството.
