ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Одбележување на Светскиот ден на поезијата 21-03-2026 - слика 1

Одбележување на Светскиот ден на поезијата

Светскиот ден на поезијата се одбележува на 21 март и бил прогласен од УНЕСКО (Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации) во 1999 година, „со цел да се поддржи јазичната разновидност преку поетско изразување и да се зголеми можноста да се чујат сите јазици на кои им се заканува опасност да бидат сосема изумрени или да не се користат за секојдневна комуникација. Негова цел е да го промовира читањето, пишувањето, објавувањето и предавањето поезија низ целиот свет и како што се вели во оригиналната декларација на УНЕСКО, „да им даде свежо признание и поттик на националните, регионалните и меѓународните поетски движења“.
Во нашето училиште светскиот ден на поезијата се одбележа на часот по македонски јазик со анализа на дел од поезијата на Кочо Рацин, а воедно беше уредено и пано во училишниот хол посветен на поезијата.

Alfa Logo40 28-12-2025
Политика на приватност

Политиката на приватност објаснува како ги собираме, користиме и заштитуваме вашите лични податоци.

Види повеќе