Работилница со француски стрип автор Виду
Во нашето училиште, на 26.05. 2025 година на часот по француски јазик кај наставничката Каролина Димовска, се одржа атеље работилница со францускиот стрип артист Виктор Дулон – Виду, во соработка со Францускиот институт од Скопје на тема создавање на дигитален стрип на иновативен и креативен начин следејќи ги современите трендови.
Виктор Дулон – ВИДУ е концептор на видеоигри и доаѓа од Бордо, Франција. Работел во многу компании на различни позиции – од 3Д моделирање до предавач на Школата за видео анимации во Бордо. Во неговата кариера има остварено низа соработки со познати продукциски куќи, меѓу кои е и неговиот ангажман, од 2019 до 2022 година, за славните Марвел комикс и нивниот проект „Видео-комикс“, каде создаваат спој помеѓу стрипот и видео игра.
Инаку, добитник е на првата награда за најдобар стрип на Стрип-фестивалот во Ангулем, во 2017 година.
Учениците уживаа во работилницата и имаа можност на своите телефони да креираат свои стрипови.
Голема благодарност до Институтот за француски јазик кој ни ја овозможи оваа прекрасна работилница.