Во здраво тело, здрав дух!
Во нашето училиште по повод Детската недела во училишната спортска сала се одржаа Игри без граници за учениците од предметна настава под раководство на наставничката Викторија Гоцевска.
Сите ученици уживаа во игрите и покажаа вистински и фер спортски дух. Немаше губитници, туку сите беа победници.
Децата имаат право на игра!
Децата имаат право на живот во здрава околина!
Децата имаат право на дружба!
За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња за складирање и/или пристап до информациите за уредот.