Светски ден на литературата за деца
На 2 Април се одбележува Светскиот ден на литературата за деца. Нашите ученици од одделенска настава под раководство на своите одделенски наставнички, реализираа неколку активности преку кои се запознаа со повеќе автори на книги за деца, научија многу нови работи за литературата за деца и нејзините карактеристики, а воедно кај нив беше поттикната желбата за читање книги и свеста од важноста за збогатување на вокабуларот преку читањето.
Исто така стручниот соработник библиотекар реализираше работилници со учениците од прво и трето одделение, за одблизу да ги запознае со моќта на книгите, кои се отворениот прозорец кон светот за сите што читаат.
