Светски ден на менталното здравје
На 10 Октомври се одбележува Светскиот ден на менталното здравје, па по тој повод стручниот соработник психолог Елена Геговска Стоилковски одржа неколку работилници со повеќе групи ученици.
Со учениците од 3-2 одделение беше реализирана едукативна и креативна работилница на тема „Сите чувства се важни“. Преку разговор, игра и креативни активности, учениците учеа дека е во ред да се чувствуваат различно, дека сите емоции се природни и дека зборувањето за нив ни помага да се чувствуваме подобро.
Учениците од 2-2 одделение реализираа интересна работилница на тема „Бинго – сличности и различности“.
Преку игра, децата учеа дека иако сите сме различни, имаме и многу нешта што нè поврзуваат. Тие откриваа сличности и разлики помеѓу себе и своите соученици и
Работилницата ја поттикна емпатијата, прифаќањето и меѓусебното разбирање меѓу учениците.
Учениците од сите одделенија во нашето училиште учествуваа во заедничка активност „Дрво на благодарноста“.
Секое одделение подготви свој лист на благодарност, на кој заеднички напиша порака за што се најмногу благодарни.
На овој начин, со 8-2 одд. создадовме големо дрво исполнето со позитивни мисли, добрина и благодарност кое ја симболизира заедништвото, поддршката и важноста на менталното здравје.