ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Светски ден на метеорологијата - 28.03.2026

Светски ден на метеорологијата

Светскиот ден на метеорологијата се одбележува секоја година на 23 март, датум кога во 1950 година е основана Светската метеоролошка организација. Овој ден има за цел да ја истакне важноста на метеорологијата и нејзиното влијание врз секојдневниот живот, особено во време кога климатските промени стануваат сè поизразени и нивните последици се чувствуваат глобално.
Учениците од 8 одделение под раководство на Анета Серафимова Николовска, наставник по географија, истражуваа на тема: Како климатските промени влијаат на шумите? Тие дојдоа до значајни информации за негативните ефекти од климатските промени и ја зголемија својата еколошка свест.

⚙️
Лого

Политика за колачиња

За да обезбедиме најдобри искуства, користиме технологии како колачиња.