ООУ Крум Тошев

Трубарево, Скопје

Светски ден на потрошувачите 17 03 2026

Светски ден на потрошувачите

На 15 Март се одбележува Светскиот ден на правата на потрошувачите. Во нашето училиште во рамки на часот по наставниот предмет Иновации, учениците имаа дискусија за правата на потрошувачите, но и нивните потреби во светот на трговијата. Своите заклучоци и креативни идеи ги преточија во плакат посветен на потрошувачите.
Светскиот ден на правата на потрошувачите ја подигнува свеста за важноста од заштита и информираност на потрошувачите ширум светот.
Секој потрошувач има право на:
– безбедни производи
– точни и јасни информации
– избор на квалитетни производи и услуги
– заштита од неправедни трговски практики
Информиран потрошувач е заштитен потрошувач. Да ги знаеме и да ги користиме нашите права!